Што е Аблација на стаклестото тело на окото ?

Стаклестото тело , кој е дел од рефрактниот  систем на окото, всушност, е транспарентен гел што ja исполнува речиси целата празнина на окото зад леќата.

 

Аблација на стаклестото тело на окото

 

Kога овој феномен ке се појави може да се види  кратко светлуцање, молња или сјај, кои исчезнуваат и по кратко време можат да се појават. Може да биде придружено со појава на црни точки, со различна големина и форма. Феноменот по себе не е сериозна состојба , но бара задолжителен преглед во широка зеница од страна на офталмолог. Ако аблацијата на стаклестото тело постои само како самостојна , изолирана состојба, таа може да перзистира доживотно и да не претставува сериозна закана по видот. Во многу ретки случаии, аблацијата на стаклестото тело може да биде пратена и со сериозни промени на мержницата, како што се нејзини расцепи ( руптури или дупки) кои треба веднаш ласерски да се третираат.