Аблацијата на ретиналната функција или одлепуваежње на мрежницата е вонредна состојба што треба да се оперира што е можно поскоро, по можност во рок од 24 часа. Кај аблација, мрежницата пука во еден мал дел  и создава ретинална дупка. Преку ретиналната дупка влегува очна водичка и ја одлепува мрежницата од останатите структури во  задниот дел на окото.

 

Како настанува аблација на ретина

Ретиналната аблација се должи на нејзиното раскинување на места каде што е истенчена ретината поради дегенеративни промени, така што се развива руптура на мрежницата преку која течноста влегува под него и ја крева од подлогата. Аблацијата на мрежницата е најчеста кај кратковидни луѓе од повисок степен, бидејќи нивните очното јаболко е подолго и нивната ретината е потенка и повеќе се склони кон пукање. Исто така може да се јави и по некои хируршки интервенции како што се:

• Операција со катаракта

• По Lasik ласерска корекција на видот

• За време на дијабетична ретинопатија.

 

Симптоми кај аблација на ретина

Пациентите ги гледаат работите како низ темни завеси. Кога одлепувањето ке го достигне центарот или макулата, што може да се случи за 1-2 дена, видот постанува многу слаб и неможе пациентот да чита , ниту да препознава личности.

 

        

  Дијагноза

• Офталмоскоп – тоа е инструмент за преглед  на мрежницата и позадината на окото.

• Ултразвук – или ЕХО преглед- ако предните структури на око(рожницата, леќата, ) но и задните структури ( пред се стаклестото тело) се заматени ( најчесто поради крварење), промените на мрежницата неможат да се дијагностицираат без ултразвучен ( ЕХО , А, А/Б, Б ) преглед.

 

Лекување на аблација на ретина

Аблацијата  на ретината се третира со операција наречена витректомија, и во одредени случаии со користење на така наречена пломба и серклаж. Бидејќи мрежницата се храни само кога е залепена за окуларна позадина, секоја ретинално одлепување  или аблација трајно ја оштетува мрежницата. Затоа, операцијата на очите треба да се изврши што е можно поскоро и секое чекање ќе резултира со полош резултат после операцијата. Хирургија на очите се врши во локална анестезија со седација. Ова значи дека пациентот добива блокада( локална инјекциона анестезија ) во окото како и венски лек за смирување. Операцијата трае во просек околу еден час. По операцијата, пациентот може да оди дома истиот ден.

Витректомијата вклучува отварање на 3 до 4 мали отвори од 1 милиметар низ ѕидовите на окото низ кои се поставуваат посебни инструменти. За време на операцијата, се отстранува стаклестото тело, кое првично се заменува со селикон или гас или специјални течности, а подоцна се заменува со нормална окуларна вода која окото само ја произведува. Расцепите или дупките на ретината се идентификуваат и ласерски се третира ретината околу нив.

 

Што се случува со окото по операцијата

На крајот од операцијата во окото се става гасот или силиконското масло се за да се задржи мрежницата залепена за останатите структури на окото. Предноста на гасот е тоа што се ресорбира  од око по 2-6 недели и не е неопходно да оди пациентот на повторна, како што е случај при користење на силиконско масло кое треба да се отстрани од окото после неколку месеци , освен во ретки случаи. Но треба да се напомене дека поставувањето на силиконското масло е неопходно во тешки и комплицирани случаи на аблација на мрежницата.