Очите се најчувствителниот дел од нашето тело. Тие ни овозможуваат да го видиме светот околу нас, а и да ги искажеме нашите најдлабоки емоции. Не е погрешно да се каже дека очите се огледало на душата.

Негувајте го здравјето на вашите очи!

 

Современиот начин на живот, кој вклучува секојдневно повеќечасовно користење на компјутерски екрани или телевизори, влијае негативно врз здравјето на очите, па се зголемува бројот на лица кои носат очила за вид или контактни леќи.

 

Добриот вид е нешто што сите треба да го цениме и негуваме, а еве како:

 

Избегнувајте сув воздух. Сувиот воздух од клима уредите, вентилаторите и греалките ја намалува влажноста на очите, па затоа треба да се избегнува директната изложеност на дејството на овие уреди.

 

Заштитете се со очила за сонце. Носете очила за сонце секогаш кога излегувате од дома, дури и во зима. Очилата не само што ги заштитуваат очите од УВ-зраците, туку ги штитат и од непријатниот ветер, како и од нечистотиите и прашината кои лесно можат да завршат внатре во окото.

 

Носете очила за пливање. Очилата за пливање ќе ги заштитат вашите очи од хлорот во базените или од солта.

 

Секогаш користете чиста крпа за лице. Не треба да користите заедничка крпа со некој друг и не треба да ја мешате крпата за лице со крпата за раце.

 

„Нахранете“ ги очите. Секој дел од вашето тело се влијае од храната што ја консумирате, вклучително и очите. Консумирајте храна која содржи антиоксиданси и витамини А, Ц и Е. Барем двапати неделно консумирајте риба и спанаќ, а почесто јадете и брокули, јајца, моркови, боровинки, бадеми, домати и тиква.

 

Заменете го обичното чоколадо со темно. Темното чоколадо е богат извор на антиоксиданси кои се борат против многу очни болести.

 

Ако работите на компјутер, на секој половина час правете кратка пауза. Наместете го мобилниот да ви даде знак да правите пауза на секој половина час. Тргнете ги очите од мониторот и фокусирајте се на предмет кој се наоѓа подалеку од вас (или на другата страна на просторијата или гледајте низ прозорец).

 

Користете ладно млеко против уморни очи. Ако треба да излегувате, а чувствувате дека очите ви се уморни, натопете памучни тампони со ладно млеко и поставете ги врз очните капаци. Легнете и релаксирајте се неколку минути. На овој начин вашите очи ќе се одморат.