Страбизам

Страбизам (разрокост) е неправилна положба на очите. Лицата кои имаат страбизам не можат истовремено со двете очи да гледаат во истиот правец, односно предметот што го набљудуваат не е ист. Ретко, страбизам може да биде прв знак на сериозна органска болест на окото или системска болест. Најчесто се јавува кај деца околу третата година од животот, но може да настане и во поодмината возраст како и кај возрасни.

Лекувањето треба да започне веднаш по откривањето на страбизмот, за да се постигне бинокуларна видна функција и најдобра можна видна острина. Лечењето ја враќа нормалната видна острина на двете очи, потоа окуломоторната рамнотежа (исправување на очите), а потоа и бинокуларниот вид. Секако, естетскиот резултат исто така е многу важен.

Во многу случаи лечењето на страбизам кај деца започнува со носење на наочари. За разлика од рано настанатите, кај стекнатиот страбизам во раната детска возраст може да постои бинокуларен вид пред појавата на девијацијата, и поголема е веројатноста дека ќе бидат доволни само наочарите.

Лекувањето се спроведува конзервативно или хируршки. Операцијата е само еден од чекорите во лечењето. Со операцијата се елиминира релативната девијација на видните оски. Потенцијалот за бинокуларен вид, кој најмногу зависи од времето на настанување и времетраењето на девијацијата, како и индивидуалната способност за воспоставување корисна бинокуларност, најмногу влијае на резултатот од операцијата. Во некои случаи може да биде потребна повеќе од една операција за да се постигне посакуваниот резултат. Конзервативното лечење вклучува корекција на рефрактивната грешка, оклузија на окото, понекогаш корекција со призми, ретко лекови, како и вежби за слабост на конвергенцијата.

Потребно е долготрајно следење, често и во возрасна возраст.

info
02/2446400
MENU
×