Одредување на диоптрија со проширување на зеницата

Забелешка:
Oвој преглед не е стандарден офталмолошки преглед, туку само дел од офталмолошкиот преглед.

На кого се изведува:

Одредување на визуелна острина и диоптрија во случаи кога е неопходно проширување на зениците, а пациентот не сака целосен офталмолошки преглед, туку само определување на диоптрија.

Како се изведува?

Се врши автоматска рефрактометрија на тесна зеница. Потоа субјектот чита ознаки со одредена големина (букви, бројки, симболи итн.) на таблата (оптотип) на одредено растојание. После тоа, зениците се шират и по 40 минути компјутерски се мери рефрактометријата. Врз основа на овој резултат и повторно тестирање на диоптријата со читање на бројките, се одредува диоптријата.

Болност:
Безболно

Време траење на прегледот:
До 50 минути

Подготовка:
Не е потребна освен ако веќе не носите очила, треба да ги донесете за да одредите каква диоптрија сте носеле досега.
Се изведува циклоплегија (најчесто кај деца и помлади лица).

info
02/2446400
MENU
×