Комплетен офталмолошки преглед вклучувајќи ОКТ

Овој преглед ги опфаќа сите аспекти на комплетен офталмолошки преглед со дополнителна оптичка кохерентна томографија на жолтата дамка или видниот нерв, како и Амслеров или Ишихара тест.

Оптичката кохерентна томографија (ОКТ) е неинвазивна дијагностичка метода за ласерско слоевито снимање на мрежницата и видниот нерв, која овозможува преглед на напречни пресеци на внатрешната структура. ОКТ овозможува топографско прикажување на дебелината на мрежницата и слојот на нервните влакна, кои директно можат да се споредат со наодот на очното дно. Овој преглед овозможува рана детекција, дијагностика и следење на ефектите од конзервативна и хируршка терапија за различни заболувања како што се сенилна дегенерација на жолтата дамка, глауком, дијабетична ретинопатија, едем и руптура на макулата, дегенерација на жолтата дамка, епиретинални мембрани, одвојување на различни слоеви на мрежницата и други.

Што подразбира:

ОCT е скратеница за Optical Coherence Tomography (оптичка кохерентна томографија). Оваа метода со ласерски зраци кои се сосема безопасни врши анализа на видниот нерв, како и нервните влакна околу видниот нерв и во жолтата дамка. Со оваа метода добиваме слики на напречни пресеци од структурите на задниот сегмент на окото со висока резолуција во микрони. Ова овозможува тродимензионален приказ на жолтата дамка и главата на видниот нерв, како и топографски прикажувања каде што се видливи осцилации во дебелината на мрежницата и нејзините слоеви.

Болност:
Безболно

Апарати:

Спалт лама односно биомикроскоп, лупа 78D или 90D, а каде што е потребно, панфундоскопска лупа или Голдман собтру огледала.

Оптопол апарат за OCT

Време траење на прегледот:
20-45 минути, во зависност од брзината на ширење на зениците.

Подготовка:
Не е потребна.

Напомена:
Ве замоловуме да наведете пред прегледот (повик, емаил, порака) дали имате чувствителност или алергии на бои или анестетици, лекови и слично, потоа болести од кои страдате, дали сте биле изложени на зрачење, како и посебни потреби (рампа, инвалидска количка, глувост, ментален или физички хендикеп…).

info
02/2446400
MENU
×