Овој преглед опфаќа комплетен офталмолошки преглед, вклучувајќи OCT, FAF и компјутеризирано видно поле.
Овој преглед е најкомплетниот дијагностички офталмолошки преглед.
Со овој преглед се утврдуваат промените во сите структури на окото кои можат да укажат на сомневање за многу очни заболувања. Точно се откриваат и многу васкуларни, невролошки болести.
Што подразбира:
Се врши одредување на видната острина (без и со оптичка корекција), преглед на околината на очите, капаците, конјунктивата или сврзницата на окото, рожницата, предната очна комора, ирисот и очната леќа, стаклестото тело, увеата, мрежницата, жолтата дамка, видниот нерв и подвижноста на очните јаболка. Се мери очниот притисок, дебелината на рожницата, длабочината на предната очна комора и големината на коморниот агол. Се утврдува состојбата на очното дно, како и состојбата на крвните садови, жолтата дамка и периферијата на мрежницата. Овој преглед овозможува рана детекција, дијагностика и следење на ефектите на конзервативната и хируршката терапија кај различни заболувања, како што се сенилната макуларна дегенерација, глауком, дијабетска ретинопатија, едем и руптура на макулата, дегенерација на жолтата дамка, епиретинални мембрани, одлепување на стаклестото тело или мрежницата на окото и други. Помага при откривање, но и превенција на многу, не само очни заболувања и е исклучително важно да се изведува редовно.
Апарати:
Шпалт лампа односно биомикроскоп, Ултраwave analyzer medica 700, евентуално апланациони тонометар, лупа 78D или 90D, а каде што е потребно: панфундоскоп или Голдман со 3 стакла.
Spectralis OCT апарат на фирмата Heidelberg Engineering (Германија), најпрестижниот производител на OCT уреди на светот.
CR-2 PLUS AF CANON (Јапонија)- фондус автофлуоресценција.
OPTOPOL PTS 1000 Projection Perimeter- компјутеризирано видно поле.
Болност:
Безболно, но може да биде неудобно.
Време траење на прегледот:
45-90 минути, зависно од брзината на ширење на зениците и соработката на КВП.
Подготовка:
Ако пациентот носи наочари, добро би било да ги понесе (особено ако има диоптрија за блискост).
Напомена:
Ве замоловуме да напоменете пред прегледот (повик, емаил, порака) осетливост и алергии на бои или анестетици, лекови и слично, потоа болести од кои боледувате, дали сте зрачени, како и посебни потреби (рампа, инвалидска количка, глувост, ментален или физички хендикеп…). Молиме да ја прочитате како се изведува КВП за да бидете подобро информирани за начинот на изведување на прегледот.
Бул. „Јане Сандански“ бр. 64/1-1 (до TC Бисер, кај поранешен McDonalds; 1000 Скопје, Република Македонија
Работно време –
понеделник-среда – петок 8-15ч
вторник-четврток 12-19ч
сабота – по договор
недела неработен ден
Телефонски број :
+ 389 2 2446 400
+ 389 75 336 285
oftalmologika@gmail.com