Офталмолошки преглед

Детален преглед на предните очни структури и очни аднеки се врши со Шпалт лампа монтирана на биомикроскоп. На окото се проектира мал сноп светлина чија висина, ширина, агол на упад, ориентација и боја може да се менуваат. Често за време на прегледот, снопот светлина се стеснува преку вертикален процеп. Офталмологот ги разгледува осветлените очни структури преку оптички систем кој ја увеличува сликата на окото.

Ова овозможува преглед на сите очни медиуми од рожницата до стакленото тело, со увеличена слика на надворешните структури на окото. Боењето со флуоресцеин пред прегледот може да открие дефекти или инфекција на рожницата.

Што опфаќа:

1. Анамнеза
Преку разговор со пациентот, офталмологот добива информации за:

  • Претходни и сегашни заболувања или операции на очите;
  • Тегобите кои го довеле пациентот на преглед;
  • Општата здравствена состојба;
  • Терапијата која пациентот ја користи и слично.

2. Лензметрија
Доколку пациентот користи очила, се мери диоптријата на постоечките очила.

3. Одредување на видната острина и диоптрија
По мерењето на очилата, прегледот продолжува со одредување на видната острина и соодветната диоптрија на пациентот.
Одредување на видната острина (без и со оптичка корекција), преглед на околината на очите, капаци, конјунктивата или спојницата на окото, рожницата, предната очна комора, ирисот и очно сочиво, стакленото тело, садовницата, мрежницата, жолтата дамка, очниот нерв, и мобилноста на очните јаболка. Се мери очниот притисок, дебелината на рожницата, длабочината на предната очна комора и големината на коморниот агол.

Апарати:

Шпалт лампа, односно биомикроскоп, тонометар, лупа 78D или 90D, ленсметар, аутокераторефрактометар.

По потреба, панфундоскоп или Голдман со три огледала.

Болност:
Безболно, но може да биде непријатно.

Времетраење на прегледот:
20-45 минути, во зависност од соработката на пациентот и доколку се шират во зависност од брзината со која тие се шират.

Подготовка:
Не е потребна.

Напомена:
Ве замолуваме пред  прегледот (повик, емаил, порака) наведете чувствителност и алергиите на бои или анестетици, лекови и слично, потоа болести од кои страдате, дали сте биле изложени на зрачење, како и посебни потреби (рампа, инвалидска количка, глувост, ментален или физички хендикеп…).

info
02/2446400
MENU
×