Вашиот здравствен проблем

Кога ќе ја повикате болницата или ќе напишете емаил, ве молиме да нагласите кои се вашите главни тегоби (на пример: печење на очите, црвенило на окото, губење на видот, послаб вид, болка во окото, светлосни трепкања, муви и слично).

Ако имате потреба од некој специјален и специфичен преглед (на пример: одредување диоптрија, преглед на очниот ден, мерење на очен притисок, OCT, видно поле, корнеална топографија, препишување на контактни сочива…) и тоа нагласете го за да го заштитиме вашето драгоцено време.

Ако имате потреба да ве прегледа одреден офталмолог, ве молиме нагласете го тоа за да ви помогнеме на правилен начин.

Што да понесете со себе
Кога доаѓате на преглед во очната ординација„Офталмологика“, ве молиме понесете медицинска документација поврзана со вашата офталмолошко состојба. Најважно е да понесете последен извештај од вашиот офталмолог, ако го имате.

Ако немате ништо од споменатото, не грижете се, ќе бидете целосно прегледани.

Болност:
Безболно, но може да биде неудобно.

Време траење на прегледот:
45-90 минути, зависно од брзината на ширење на зениците и соработката на КВП.

Исто така, ако имате свои наочари за далечина и близина, понесете ги со себе за да провериме дали ви треба промена на наочарите.

Како да се подготвите за преглед
Нема посебна подготовка, освен што треба да планирате време за офталмолошки преглед. Детално за тоа што да очекувате, колку траат поединечни прегледи и како се изведуваат, можете да најдете во делот ПРЕГЛЕДИ, односно со кликнување на поединечен преглед кој ви е потребен ќе добиете сите потребни информации.

ОБАВЕЗНО! Нагласете ако сте алергични на храна, лекови и др. и ако имате посебни потреби (инвалидски колички, слепило, парези и парализи на екстремитети и сл.) за да го прилагодиме прегледот на вашите потреби.

ВАЖНО! Би било корисно да понесете сончеви наочари, ако ги имате, како и да обезбедите некој да ве вози или да дојдете со превоз, бидејќи во повеќето случаи на офталмолошки прегледи е потребно ширење на зениците. Треба да се има во предвид дека по ширењето на зениците се очекуваат пречки од сончевата светлина, замаглен вид и отежнато читање на блиску минимум 3 часа по прегледот.

Траење на прегледот
Траењето на сите видови на прегледи исто така е детално објаснето во делот ПРЕГЛЕДИ.

Обично е да за офталмолошки преглед одвоите од 15 минути (за одредување на диоптрија) до 60 минути (за субспецијалистички преглед).

Имајте на ум дека должината на прегледот значително зависи од брзината на ширењето на зениците, што е индивидуално за секоја личност. Колку што е вашиот очен проблем покомплексен, толку повеќе време ќе трае прегледот.

info
02/2446400
MENU
×