Овој преглед ги опфаќа сите аспекти на комплетен офталмолошки преглед вклучувајќи ОКТ и ФАФ, преглед на ретиналните нервни влакна и крвните садови со помош на специјални филтри.
Фото-фундус со аутофлуоресценција е неинвазивен, целосно безболен преглед, кој овозможува увид во состојбата на очното дно. За многу интернистички и невролошки заболувања, прегледот на фундусот е задолжителен бидејќи ја дополнува дијагностичката процедура. Овој тип на преглед овозможува реална слика која обезбедува сигурност во понатамошното следење на промените. Фундус аутофлуоресценцијата (ФАФ) е од практичен интерес бидејќи на снимката е прикажана дистрибуцијата и степенот на оштетување на ретиналниот пигментен епител (РПЕ). Ова овозможува утврдување на причините, предвидување на понатамошниот тек на болеста и прогнозата за видната функција, со документирано следење (фундус аутофлуоресценцијата служи како документ).
Што подразбира:
Снимањето е неинвазивно, краткотрајно и обезбедува информации кои не се достапни со други конвенционални техники како што се: фундус фотографија, флуоресцентна ангиографија или ОКТ. Тоа овозможува визуелизација на метаболичките промени во нивото на РПЕ и идентификација на зони кои се под ризик за развој на патолошки промени.
Во случај на заболувања на мрежницата кои се придружени со натрупување на флуорофори или нивно отсуство поради одумирање на клетките на РПЕ, фундус аутофлуоресценцијата со својата уникатна способност да открие она што не е видливо, ги лоцира местата на рана активност на патолошки процеси и заедно со другите дијагностички процедури помага во подобро разбирање на патофизиологијата на мрежницата, олеснува рана дијагноза и проценка на прогресијата на болестите на мрежницата. Затоа, во случаи кога постои необјаснив пад на видот, со нормален офталмоскопски наод на очното дно, пациентот е најдобро да биде упатен на снимање на фундус аутофлуоресценција, која е лесна за изведување и целосно безбедна за пациентот.
Кај оваа метода, камерата ја прима аутофлуоресценцијата емитирана од флуорофорите на мрежницата, а ексцитацијата на липофусцинот се врши со помош на бранова должина меѓу 470 и 550 nm. Во темната зона на ФАЗ-от поради натрупување на пигментот, цистоидниот едем се гледа како осветлување поради поместување на пигментот.
Апарати:
Шпалт лампа или биомикроскоп, Ultrawave analyzer medica 700, евентуално апланационен тонометар, лупа 78D или 90D, а каде е потребно: панфундоскоп или Голдман со 3 стакла. Spectralis OCT апарат од фирмата Heidelberg Engineering (Германија), најпрестижниот производител на ОКТ уреди во светот.
Болност:
Безболно,
Време траење на прегледот:
20-45 минути, во зависност од брзината на ширење на зениците.
Подготовка:
Не е потребна.
Напомена:
Ве замоловуме да наведете пред прегледот (повик, емаил, порака) дали имате чувствителност или алергии на бои или анестетици, лекови и слично, потоа болести од кои страдате, дали сте биле изложени на зрачење, како и посебни потреби (рампа, инвалидска количка, глувост, ментален или физички хендикеп…).
Бул. „Јане Сандански“ бр. 64/1-1 (до TC Бисер, кај поранешен McDonalds; 1000 Скопје, Република Македонија
Работно време –
понеделник-среда – петок 8-15ч
вторник-четврток 12-19ч
сабота – по договор
недела неработен ден
Телефонски број :
+ 389 2 2446 400
+ 389 75 336 285
oftalmologika@gmail.com