Очниот лекар (офталмолог) ќе ја изврши потребната дијагностика, а по очниот преглед ќе добиете совет за избор на најадекватно решение за вашата очна болест.
Микрохирургијата на очите (хирургија на очите) понекогаш е најдоброто, па дури и единственото соодветно решение за вашата очна болест катаракта. Доколку состојбата на окото бара брза, квалитетна, безболна операција на катаракта (перде), ве поврзуваме со очниот хирург д-р Наум Тренески кој работи и оперира во Промедика Офталмологија - Скопје.
Современ пристап кон лекување, терапевтски методи, следење и контрола на вашата очна болест. Ви нудиме најдобри можни резултати од третманот. ОФТАЛМОЛОГИЈА која ќе ви помогне да уживате во јасен вид и да бидете активни во се што сакате.
Признати офталмолози и офталмохирурзи со искуството стекнато во еминентни институции во земјата и светот. Д-р Марина Ковачевска Тренеска, која ги дијагностицира и контролира операциите на катаракта во соработка со д-р Наум Трпеноски, кој ги изведува операциите во Промедика Офталмологија. Посветеноста, емпатијата, знаењето и стручноста во лекувањето на очните болести ќе ви пружат одлична офталмолошка услуга. Решавајќи ги вашите проблеми со очите, најсреќни сме кога ги споделуваме моментите на вашата радост и нашиот успех со вас.
Реномирани светски производители. Внимателно избираме и заеднички одлучуваме за идеалното решение за вас. Бидејќи сме целосно независни од кој било производител на интраокуларни леќи, ја избираме вистинската технологија на леќи за вас, почнувајќи од монофокални леќи до мултифокални леќи, како и леќи со продолжена длабочина на фокус. Континуирана обука на сите вработени во согласност со современите офталмолошки стандарди. Примената на тековните терапевтски процедури со одговорност кон пациентот има за цел најдобар можен резултат во третман со најмал ризик. Применуваме единствени стандарди и доктрина и со тимска работа се трудиме да ја оправдаме вашата доверба.
При извршување на сите дијагностички процедури и офталмолошки операции и интервенции. Нашиот пристап е постојано да инвестираме во офталмолошка опрема и обука на персоналот во најдобар интерес на пациентите, со цел да ви го обезбедиме најдоброто што може да го понуди денешната офталмологија. Исклучително сме горди на опремата што нè разликува и издвојува по нејзиниот квалитет и уникатност.
Бул. „Јане Сандански“ бр. 64/1-1 (до TC Бисер, кај поранешен McDonalds; 1000 Скопје, Република Македонија
Работно време –
понеделник-среда – петок 8-15ч
вторник-четврток 12-19ч
сабота – по договор
недела неработен ден
Телефонски број :
+ 389 2 2446 400
+ 389 75 336 285
oftalmologika@gmail.com