Вродена катаракта се јавува кај деца, главно како последица на некоја инфекција која ја имала мајката за време на бременоста.

Трауматска катаракта се јавува како последица на отворени или затворени повреди на окото. Може да настане во склоп на некои воспалителни очни болести, долготрајно користење на некои лекови (најчесто кортикостероиди) или како последица на некои операции на око (пр. глауком или аблација на ретина) кои ретко се јавуваат како причина.

Старечка катаракта е најчест облик на катаракта која настанува главно кај лица постари од 55 години. Се карактеризира со заматување и стврднување на леќата која предизвикува намалување на видот, но често и кратковидост кај лица кои обично имаат нормален вид, а кај кратковиди лица ја смалува далекувидоста, а ја зголемува кратковидоста.

Катарактата најчесто напредува споро, но во некои поретки случаи може да се развие и брзо. Во одредени случаи напредувањето на катарактата може да се манифестира само со опаѓање на острината на видот на далеку, а настанува како резултат на задебелување на леќата. Во овој стадиум, проблемот може привремено да се реши со зголемување на диоптријата на очилата или пак со примена па посилно осветлување или лупа. Меѓутоа, со развивање на болеста леќата почнува да добива жолта или бела боја, а видот станува се послаб, па станува очигледно дека очила со зголемена диоптрија, посилно осветлување и лупа нема да го решат проблемот.

Дали постојат ризик фактори за појава на катаракта?

Причините за појава на катаракта сеуште не се во потполност разјаснети. Се смета дека постојат фактори кои можат да влијаат за појава на оваа болест:

-пол (почесто се развива кај жени)

-долготрајно користење лекови од групата кортикостероиди

-долготрајно и често конзумирање на алкохол и цигари

-голема изложеност на сончево и радијациско зрачење

-гојазност

-дијабетес

-претходни повреди на окото и воспаление на внатрешните структури на окото

Како да препознаете катаракта?

Некои од основните симптоми кои укажуваат на постоење на катаракта се:

-заматен вид

-промена во перцепцијата на боите (се гледа сина боја)

-гледање двојна слика

-лош ноќен вид, особено при ноќно возење

-осетливост на светло

-бела или сива зеница