Оптичка кохерентна томографија претставува дијагностичка метода која овозможува да се разгледаат попречните пресеци на внатрешните структури на ткивата во висока резолуција. Кога снопот од светлосни зраци се насочува кон око,тој се одбива од граничната површина на ткивата и се рефлектира на различен начин од ткива со различни оптички карактерисктики.

Oва метода е базирана на примена на кохерентни интерферометрија на светлинските бранови, односно мерење на времето на задоцнување и дополнителна анализа на промените во интензитетот на брановата должина на рефлектираните светлосни зраци од внатрешните структури на очите. Се работи за целосно безболна, неинвазивна, неконтактна метода која не штети на окото, и дава сигурни снимки на сите слоеви на мрежницата и овозможуваат прецизна во живо ( in vivo ) анализа на сите слоеви на мрежницата и оптичкиот нерв.

Оптички кохерентна томографија (OЦT) е корисна за дијагностицирање на многу заболувања на очите, вклучувајќи: руптура во макули, макуларен набор, макуларен оток, сенилна дегенерација на макулата – ARMD), глауком, централна серозна хорио-ретинопатија (CSHR), дијабетична ретинопатија, пре-ретинална мембрана (ЕПИ) итн.

Глауком претставува мултифакторна оптичка невропатија која е проследена со прогресивно губење на ганглиите во ретината, што резултира со нереверзибилне губиток на видната острина. Губитокот на ганглијски клетки резултира со морфолошки промени на оптичкиот нерв кои одговараат на карактеристичните функционални промени во видната област (ВП). Губитокот на видот е иреверзибилен, па затоа раната дијагноза на ова заболување претставува императив!
Современа дијагностика на глауком е базирана на традиционални методи, како што се: одредување на визуелна острина, тонометрија – мерење на интраокуларниот притисок (апланациона, импресиона, бесконтактна), гониоскопија – оцена на изгледот на коморалниот агол, пехиметрија – мерење на дебелина на рожница (оптичка, ултразвучна, ОКТ, пентакам) клинички преглед на очниот дно и оценка на изгледот на оптичкиот нерв (офталмоскопија, преглед со Goldman лупа ) и видно поле – оцена на функционалната состојба на видниот систем (може да биде кинетичка и статичка).

Оптички кохерентна томографија овозможува објективно мерење на различни параметри во внатрешноста на очите, односно овозможува проценка на степенот на морфолошко оштетување. Стандартната дефиниција на глаукомот како болест со класичен тријаз : зголемен интраокуларен притисок, пропагање на оптичкиот нерв и карактеристичен наод во видната област, речиси е напуштена. Во ново време е дијагностициран голем број пациенти со нормални вредности на интраокуларниот притисок, кои имаат значителни оштетувања на оптичкиот нерв и видно поле – глауком со низок притисок (low-tension glaucoma).

Новите истражувања потврдија дека на морфолошките промени во структурата на мрежницата и оптичкиот нерв претходат функционални промени во видното поле. Заради тоа примената на SD-OCT во проценувањето на степенот на глаукомски оштетувања е се повеќе распространета и всушност претставува златен стандард во следењето и дијагностицирањето на овие пациенти. Ова е особено важно кај младите пациенти кои покажуваат знаци на промени кои сеуште не се видливи во видното поле и кај пациенти со глауком со низок очен притисок ( Low tension glaucom).