Ако немате тешки симптоми и сакате да го зачувате видот до староста препорачливо е да го посетите офталмологот  најмалку еднаш годишно за комплетен офталмолошки преглед. Со превентивен преглед и навремена дијагноза, можете да го заштитите окото со примена на соодветна терапија на време.

Проблеми со видот (кратковидост, далековидост, астигматизам,старечка далековидост) или некоја друга болест на очите (хроничен коњуктивитис, суво око, кератоконус, прогресија на катаракта, дегенерација на жолтата точка итн.) Може да се излечи или да спречи понатамошен развој на болеста  со навремени контроли кај офталмолог. Затоа, не ги занемарувајте симптомите што ви ги испраќаат очите.

Потребно е да се знае дека некои болести немаат симптоми. Почетокот на глауком, зголемен очниот притисок, првично нема симптоми. Глауком предизвикува постепено губење на видот и, за жал, видот кој се губи веќе не може да се врати. Глауком е една од главните причини за слепило во развиените земји во светот, и со редовни контроли и терапија, болеста како глауком може целосно да се контролира.