Што треба да знаете пред и после операција на катаракта!

Секој пациент кој ќе се одлучи на операција на катаракта треба да го знае следноро. Постојат два начини на операција на катаракта:

• Факоемулзификацијата е ултразвучна операција на катаракта ( а не ласерска операција како што често се претпоставува) со мал хируршки рез од 2,2 mm и вградување на мека интраокуларна леќа.Таквата врста на операција ја карактеризира брз постоперативен опоравок на пациентот. Во Промедика Очна Хирургија со овој метод се работат околу 98% од пациентите.

• Екстракапсуларната екстракција на катарактата е класична операција со многу поголем оперативен рез каде се вградува тврда леќа и оперативниот рез се затвара со хируршки конци. Оваа операција во денешно време се работи многу ретко и тоа воглавно кај многу зрели катаракти.За видот на операцијата ќе се договорите со вашиот лекар.
Секој пациент кој ќе се одлучи за операција на катаракта пред интервенцијата потребно е да направи неколку прегледи.

ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ
Потребно е да се направат следниве анализи на крв: oбична крвна слика, со гликемија. Анализите важат ако не се постари од 30 дена.(Можат да ги направат кај својот матичен лекар или во било која лабараторија).

ИНТЕРНИСТИЧКИ ПРЕГЛЕД
Потребно е да се направи преглед со ЕКГ запис,кај својот матичен лекар или било кој специјалист-интернист. Резултатот важи најмногу еден месец пред датумот на кој треба да се оперира пациентот.Интернистот или матичниот лекар треба да се изјасни за евентуалниот ризик или контраиндикациите за оперативен зафат во локална анестезија. Доколку пациентот прима терапија за простата( FLOMAX) koj e алфа блокатор и генеричко име му е Tamsulosin мора за истото да го информира лекарот кој ке ја врши операцијата. Исто така треба да се прекине со терапијата со Tamsulosin. Колку време треба да се прекине терапијата со Tamsulosin се прави во договор со лекарот.

ПРИПРЕМА
Два дена пред закажаната операцијата се капат капки Tobradex, 4х1 на секој 4 саати и тоа во 8h,12h,16h,20h ,во окото кое е за операција. Исто така два дена пред закажаната операција се капат и капки Nevanac 2х1 во окото кое е за операција значи во 08:15h и 20:15h.
За операција на катаракта предвидено е престој од 2-4 часа во болницата. Интервенцијата се извршува со локална анестезија во времетраење од 15 – 20 минути. Пациентот оди на преглед кај нашиот лекар со резултатите од претходно извршените прегледи. Пред самата операција окото кое ќе се оперира се анестезира со капки и се шири зеницата. Во текот на операцијата пациентот не чувствува никаква болка.

Исто така оние пациенти кои примаат антиглаукоматозна терапија да продолжат со истата и да не ја прекинуваат пред и после на операција.

ДЕНОТ НА ОПЕРАЦИЈА
Пациентот пожелно е лесно да доручкува на денот од операцијата.
Доколку пациентот има препишано редовна хронична терапија потребно е да ја испие како секој нормален ден. Истата терапија треба да ја понесе со себе од дома. 24 саати пред интервенцијата потребно е да конзумира лесна храна и да не пие алкохол. Да обезбеди превоз до болницата и придружник за утрешната контола. По доаѓањето медицинскиот персонал го спроведува пациентот во просторијата каде што се врши припремата за операција,каде што пацинетот останува 45мин.Во рамките на предоперативната припрема се врши мерење на крвниот и очниот притисок како и давање на лесен седатив по потреба.Непосредно пред операцијата се шири зеницата на пациентот со капки и се дава анестезија исто така со капки со која се постигнува безболност и удобност во текот на операцијата. Во текот на припремите за операција пациентот е во непрекината комуникација со медицинскиот персонал кој има улога да го смири пациентот и да изгради чувство на сигурност и доверба, но и непрекинато да ја прати здравствената состојба на пациентот.По заврушувањето на припремата,медицинскиот персонал му помага на пациентот да облече стерилен мантил,каљачи и капа,после тоа го носи до операционата сала каде пациентот го презема помошната инструметарка.

ОПЕРАЦИЈА
По влегувањето во операционата сала, помошната инструметарка му помага на пациентот да легне на операциониот кревет,го пребришува со дезинфициенс хируршкото поле- окото и регионот околу окото и го прекрива пациентот со стерилен прекривач. После кратка припрема на окото за операција хирургот ја почнува интервенцијата.Операцијата на катаракта со метод на факоемулзификација подразбира примена на ултразвук во отстранувањето на заматената природна леќа,наместо која се вградува вештачка леќа,која на пациентите им овозможува јасен вид каков тие имале пред настанувањето на катарактата. Во нашата болница се вградуваат монофокални стандардни и монофокални натстандардни интраокуларни леќи како и мултифокални леќи.

• Кај стандардните интраокуларни леќи,оперативниот рез е од 2,4mm до 2,8mm.Најчесто ги вградуваме светски познатите стандардни леќи на BAUSCH & LOMB со што се овозможува јасен вид на далечина.

Надстандардните интраокуларни леќи се вградуваат низ рез од 1,8 mm до 2.4mm. Имаат во себе филтер за плавата и виолетовата светлина со што пружаат заштита на задниот сегмент на окото како и подобар колорен вид за далечина посебно навечер, и кај нив помала е можноста за јавување на постоперативна диоптрија.
Мултифокалните леќи се леќи со кои пациентот постигнува добар вид за блиску и за далеку.

ПОСЛЕ ОПЕРАЦИЈАТА
После интервенцијата пациентот си заминува дома. Оперираното око е преврзано до дома, а потоа превсрката се отстранува и се отпочнува со препишаната терапија според упатствата дадени од офталмологот. Нормално е после интервенцијата окото да биде зацрвенето, пациентот да чувствува блага нелагодност и пецкање и да има заматен вид првите седум дена. Сите овие симптоми постепено исчезнуваат во наредните денови.
РЕЗУЛТАТОТ НА ОПЕРАЦИЈАТА ЗАВИСИ И ОД ДИСЦИПЛИНАТА НА ПАЦИЕНТОТ И ОД СОВЕСНАТА ПРИМЕНА НА ПРЕПИШАНАТА ТЕРАПИЈА. По операцијата и по завршувањето на терапијата од 30 дена во повеќето случаеви пациентот ќе треба да носи наочари за далеку со мала диоптрија доколку сака најпрецизно да гледа како и наочари за читање одблиску.
Првата контрола после оперативниот зафат е наредниот ден, а последната контрола е после 30 дена од оперативниот зафат.

КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАТЕ ПО ОПЕРАЦИЈA НА КАТАРАКТА СО ФАКО МЕТОДА

1. До дома оперираното око треба да биде преврзано, а по набавка на потребната терапија за окото препишана од специјалистот се отстранува преврската од окото и повеќе не се затвора.
2. Лековите препишани во отпусната листа треба веднаш да се набават преку матичниот лекар или директно во аптека.
3. Пациентот ја вади преврската од окото во 18 часот, кога ќе пристигне дома и повеќе не се затвора окото.

Почнува да става од капките Tobradex 4×1 капка во окото кое е оперирано и тоа во 18,19,20 и 21 часот. Исто така почнува со капки Nevanac истиот ден по операцијата во 18:15 и 21:15h.
Од утредента продолжува со капките Tobradex 4х1 капка и тоа во 8,12,16 и 20 часот. Потоа исто така со капките Nevanac 30 дена во 08:15h и во 20:15h.

Контрола во Поликлиника Промедика по договор со лекарот, или во градот каде што живее во договор со локалниот очен лекар.

Првиот ден нормално е пациентот да гледа матно, да има црвенило во окото и да чуствува благо пецкање и мали болки во окото.
Пациентот доколку примал капки за очен притисок т.е глауком потребно е веднаш да продолжи со истите капки онака како ги ставал и претходно. Доколку пациентот прима и друга терапија на пр. за крвен притисок, за шеќерна болест и слично продолжува со истата, т.е да ги прима истите капсули, таблети и слично.

4. Првите две недели по операцијата пациентот не треба да работи физичка работа или да дига тешко.
5. Доколку пациентот излегува надвор потребно е да носи заштитни очила за сонце. Доколку носи очила за гледање далеку тогаш стаклото на очилата на окото кое е оперирано треба да се промени кај оптичар и да се стави стакло со број нула, а стаклото на очилата на окото кое не е оперирано останува исто. Нови очила за далеку пациентот треба да набави тогаш кога ќе прекине со терапијата, од прилика после еден месец од операцијата. Доколку носи очила за блиску тогаш чита со нив додека лекарот не му одреди нови очила.
6. Во окото не треба да влегува вода во наредните 10 дена. Значи пациентот може нормално да го мие лицето но тоа да го прави со затворени очи.Туширање е дозволено но со главата завртена наназад или на фризер.
7. Дозволено е умерено гледање телевизија (4-6 часа).

Овие упатства важат еден месец по операцијата и потоа поминувате во нормален начин на живеење.