Ноќните леќи или ортоК-леќи можат да ја корегираат диоптријата и да ја намалат зависноста од очила и стандардните контактни леќи, а со тоа да овозможат слобода во Вашите активности, без потреба од операција за отстранување на диоптрија. Ова се специјални полутврди леќи, коишто се ставаат во окото пред спиење и се отстрануваат наутро. Тие преку ноќта нежно ја обликуваат површината на рожницата и доведуваат до промена на нејзината закривеност. Тоа овозможува јасен вид следниот ден, откако овие леќи ќе се извадат од окото. Офталмолозите во нашата ординација се специјално обучени за употребата на овие леќи што е, со Вашата соработка и редовни контроли, неопходно за нивното долготрајно и безбедно користење. На оваа страница можете да ги најдете основни информации за овој вид на корекција на кратковидоста.

ЛЕЌИ, КОИШТО ГИ НОСИМЕ НОЌЕ, А УЖИВАМЕ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ

Кој може да ги корисит ноќните леќи?
Ноќните или ортоК леќи можат да ги користат луѓето со здрава рожница кои што имаат:
• кратковидост ≤ 4,00 диоптрија
• астигматизам според правилото ≤ 2,50 диоптрија
• астигматизам против правилото ≤ 1,50 диоптрија
Кои се предностите на ноќните леќи?
Предностите на ноќните леќи , меѓу другото, вклучуваат:
• Слобода од потребата да се носат очила или контактни леќи во текот на денот, без потреба од операција за отстранување на диоптријата;
• Минимизирање на проблемите со прашина и алергии на очите;
• Современите материјали со многу висока пропустливост на кислород овозможуваат соодветно снабдување на рожницата со кислород за време на спиењето;
• Намалување на растот на кратковидоста кај децата;
Кои се недостатоците на ноќните леќи?
• За безбедно и ефикасно долготрајно носење на овие леќи, многу е важно тие да бидат соодветно препишани од едуцирани контактолози и редовно да се оди на контролни прегледи.
• Потребна е висококвалитетна опрема за мерење на обликот на рожницата (топографи, Scheimpflug камера)

Бројни истражувања покажаа дека ваквиот начин на апликација на леќите може да го намали или спречи растот на кратковидоста (контрола на миопија) кај околу 40% од кратковидните луѓе (деца). Притоа, исклучително е важна експертизата и стручноста во нивната примена, како и соработката на пациентите, односно родителите, во случај на деца, во грижата за овие леќи и редовните контроли. Со правилно одржување леќите се менуваат еднаш годишно.