Што е Дијабетична макулатопија?

Дијабетски макуларен едем или дијабетична макулопатија,  е главната причина за падот на централниот вид кај пациенти со дијабетес мелитус (ДМ). Ова патологија се јавува кај околу 25-30% од пациентите  кои имаат дијабет повеќе од 10 години. Но, последнава декада охрабруваат резултатите од интравитреалната апликација на анти VGF-медикаменти ( инекции).

Но ,во ретки случаи и покрај превземањето на сите активности,видот може постепено и прогресивно да се намалува.

OПЕРАТИВЕН ТРЕТМАН

Хируршки третман (витректомија) за дијабетски макуларен едем има строго одредени индикации. Тоа се врши само за оние пациенти кај кои во согласност со ОСТ ( оптичка кохерентна томографина ) имаме нагласени промени на мрежницата и дното.

АNTI-VEGF терапијата е поврзана со сензационални откритија и висока ефикасност на одредени лекови кога се аплицираа директно во стаклестото тело (интравитреална апликација), а тоа се медикаменти кои го неутрализираат васкуларниот ендотелен фактор на раст (VEGF). Тие се со анти-воспалително, антиалергиско, имуносупресивно својство, и се активно вклучени во регулацијата на метаболизмот.

За интравитреална апликација во стаклестото тело се користи и , триамцинолон ацетонид ( “Kenalog”) и дексаметазон. Индивидуални клинички опсервации и посебно организирани мултицентрични студии покажаа значително намалување на оток и дебелината на ретината (според оптичка кохерентна томографија ) кај некои пациенти со зголемување на острината на видот. Клучот за успешен третман е во дополнително инјектирање на лековите. Лекот нема катарактоген ефект и не предизвикува глауком.